Полицијата во куќа во Рашче пронајде поголема количина оружје

Од:

Полицијата денеска при претрес на домот на Б.К. (46) од скопското село Рашче под сомнение дека е сторител на повеќе кривични дела пронајде поголема количина оружје.

При претересот пронајдени се и одземени една автоматска пушка непозната марка, три празни рамки за автоматска пушка, еден кундак, два автоматски пиштоли марка „Шкорпион“, две мали празни рамки, една голема рамка со 14 куршуми, една голема рамка за пиштол „Шкорпион“ со 11 куршуми калибар 7,65 мм. Одемени се и еден пиштол марка „Том Фолион“ калибар 9 мм. и 11 куршуми со рамка, еден револвер марка „Амадео Росиса“, 32 куршуми калибар 9х99 мм., 19 куршуми калибар 38 Специјал, два сигнални пиштола, една воздушна пушка, како и 17 пакувања со прашкасна материја (најверојатно кокаин),  уште две со непозната прашкаста материја, една дигитална вага, три скутери и еден моторцикл за кој што се претпоставува дека постои основи на сомнение дека е предмет на кривично дело „фалсификување на исправа“.

Б.К. е регистриран во крим евиденцијата на СВР – Скопје поради сторени кривични дела: „грабнување“, „фалсификување на исправа“, „тешка кражба“, „недозволено извработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ за кои му се изрекувани и затворски казни.

По целосно расчистување на случајот против Б.К. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена