Полицијата во Битола приведе дилер и заплени екстази, амфетамин и марихуана

Од:

Четири килограми амфетамини, исто толку марихуана и околу 4.000 парчиња екстази пронашла денеска полицијата во Битола при претрес на домот на П.Н. (30), кој е приведен и против кого ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Како што соопшти МВР, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција- Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола, по добиена судска наредба, денеска извршиле претрес на домот на П.Н. (30) во Битола. Притоа се пронајдени четири килограми амфетамин, четири килограми марихуана, околу 4000 парчиња таблети екстази, околу 6000 евра, дигитална вага, прибор за пакување на дрогата и други предмети.

П.Н. е приведен, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Битола.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он