Полицијата вечерва апси во Аеродром

Од:

Голема полициска акција за приведување на лицата кои денеска учествуваа во насилните протести пред владата против изборот на Талат Џафери за министер за одбрана, во моментов се случува во скопската населба Аеродром – објави МКД.МК.

Групата попладнево беше разбиена, по што најголемиот дел од учесниците, претежно млади луѓе, се упатиле кон скопската населба Аеродром. На тоа му претходеле обиди за инциденти и нереди на Камениот Мост, каде лицата успеале да истепаат неколку случајни минувачи од албанска националност. Од полицијата за порталот ги потврдуваат информациите.

На денешните протести пред владата се собра поголема група млади лица. Тие почнаа да се однесуваат насилно и да фрлаат камења кон зградата на владата и кон полицајците. Неколку полицајци се пожалија дека биле погодени со камења. Групата била потисната и почнала да се повлекува, но при тоа продолжила со насилно однесување. Оштетени се неколку полициски возила, но и приватни возила. Групата фрлала камења и кон автобуси на ЈСП. Досега се приведени неколкумина, но тече акција за пронаоѓање и на останатите учесници во протестите што биле регистрирани од полицијата дека се однесуваат насилно, изјави Иво Котевски, заменик – министер задолжен за односи со јавност.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи