Полицијата вчера уловила 62 пијани возачи

Од:

62 возачи под дејство на алкохол, 151 шофер санкциониран за непрописно престигнување и уште 446 други прекршоци. Ова е билансот на сообраќајната полиција во контролите извршени низ земјава вчера – информираат од МВР.

„Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола за санкционирање на непрописното престигнување и возење под дејство на алкохол, прекршоци кои се меѓу најчестите причини за сообраќајни незгоди со тешки последици. На територијата на целата држава санкционирани се 151 возачи за непрописно престигнување, а 62 возачи затоа што возеле под дејство на алкохол. Санкционирани се и 446 други прекршоци. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот“ – стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он