Полицијата уапси рекетар од Велешта, изнудувал пари од кафеанџии

Од:

43-годишен жител на струшко Велешта е уапсен денеска поради тоа што изнудувал пари од сопственици на угостителски објекти, соопшти полицијата.

„Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделот за специјални полициски операции на 04.11.2020 во 16.45 часот во близина на хотел во Струга го приведоа С.Н. (43) од село Велешта, насилник кој во неколку наврати од сопственици на угостителски објекти изнудувал пари,“ се вели во соопштението од МВР.

По преземени мерки и активности, С.Н. бил забележан во близина на хотел во возило „џип“ и лишен од слобода, а при претресот е пронајден пиштол со пет куршуми. Тој е приведен во полициската станица во Струга и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба