Полицијата уапси маж од Чегране кој му нанел убодни рани на соселанец

Од:

На улицата „Илинденска“ во Гостивар, вчера во 10:40 часот полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода 34-годишниот Е.И. од село Чегране, гостиварско.

Тој бил уапсен поради тоа што по вербална расправија со остар предмет му нанел неколку убодни рани на неговиот соселанец, 37-годишниот Б.А.

Б.А. бил пренесен во Ургентен центар Гостивар каде му била укажана лекарска помош.

Е.И. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари