Полицијата уапси криминалец осуден на шест и пол години затворска казна

Од:

Вчера во село Лојане, Општина Липково, на локалниот пат кон с.Миратовац, Република Србија, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.В.(43) од село Брвеница, тетовско.

Тој бил осуден на казна затвор од шест години и шест месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ по член 237 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување пет години и пет месеци од казната.

Лицето е спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсен е човекот кој со автомобил газеше луѓе на коњски трки во БиХ

А1он

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Холанѓанец уапсен на „Табановце“ – возеше 168 км/ч на место каде е дозволено 80

А1он

Македонец фатен на српски граничен премин по меѓународна потерница од Грција

А1он

МВР уапси турски државјанин баран со потерница

Уапсен е 29 годишник од гостиварско Здуње – извршил сексуално насилство врз малолетничка

А1он