Полицијата уапси двајца возачи кои со своите возила удрија пешаци во Скопје

Од:

Полициски службеници од СВР Скопје го уапсија И.С.(45) од Скопје, затоа што вчера околу 21.50 часот во Скопје, на крстосница од ул.„Адем Демачи“ со ул.„Методија Митевски“, со возило „фиат“ удрил во пешакот А.А.(57) од Скопје.

Пешакот е пренесен за укажување на лекарска помош во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки повреди.

Известен е јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје И.С. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено за понатамошна постапка.

Исто така, полициски службеници од СВР Скопје го уапсија Б.Х.(52) од Република Турција, со живеалиште во Скопје, затоа што вчера околу 17.30 часот во Скопје, на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ со ул.„Мирче Ацев“, со возило „цитроен“ удрил во Л.М.(48) од Скопје.

Во несреќата со тешки овреди се здобила Л.М., констатирани во ГОБ „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот е задржан во полициска станица, а возилото е одземено за понатамошна постапка.

Од МВР велат дека по целосно расчистување и документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Прегазен пешак во Дебар

А1он

Разбиена е шема за посредување во проституција, уапсени се две лица

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Уапсени се тројца возачи од Скопје и Куманово и одземени им се возилата поради возење без положен возачки испит и под дејство на алкохол

Акција на МВР во Скопје: Уапсени се 12 лица за злосторничко здружување, незаконско поседување на дрога и оружје

Полицијата ја уапси Федерика Могерини

Горан Наумовски