Полицијата трага по штитеничка од „Ранка Милановиќ“ и две малолетнички

Од:

Три лица лица меѓу кои 19-годишна штитеничка на Јавната установа „Ранка Милановиќ” во Гази Баба, и две малолетнички на возраст од 16 и 17 години од Чаир се оддалечиле во непознат правец, а случаите се пријавени во полиција.

МВР информира дека случајот со штитеничката С.Р. (19) синоќа во Полициската станица Гази Баба го пријавил социјален работник кој рекол дека таа на 10 февруари самоволно ја напуштила установата и се оддалечила во непознат правец.

Случајот со 16-годишната малолетничка по полноќ во Полициската станица Чаир го пријавил С.С.(49). Исчезнувањето на 17-годишната малолетничка во Полициската станица Чаир вчера го пријавила нејзината роднина А.Д. (48) која рекла дека таа го напуштила домот на 16 февруари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на трите лица.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец