Полицијата трага по манијакот од Влае, а жени пријавуваат вознемирување во Лисиче и Млечен

Од:

Полицијата трага по демначот на жени во Влае, за кого се претпоставуваше дека се соблекувал и гол пред жени во Скопје. Откако случајот јавно се обелодени, тој не е забележан во истиот реон. Сега, жени алармираат дека изминатава недела, манијак бил забележан кај Млечен ресторан. Од МВР велат дека зајакнато е полициското присуство во Влае, а од граѓаните бараат да пријавуваат ако бидат вознемирувани од непознати лица. Елеонора Стојановиќ, која е една од жртвите, вели дека и натаму не се чувствува сигурно.

„Вчера кај Млечен беше манијаков, следел моја пријателка и се соочила со него, ја погалил по рака. Пријавено, и рекле дека не е силувач, се плаши од луѓе, ќе избега од било кој. Демек, полицијата веќе точно знае за манијациве, па муабетов ‘уживај ништо не ти може’. Срамота, ми се гади каде живеам“, стои во еден од коментарите под објава во групата „Манијак во Влае“.

Стојановиќ, под чиј прозор пред повеќе од недела демнеше непознато лице, а кое полицијата го бара, вели дека проблемот со манијаците не е нешто што се случува и го снемува. Жена од Лисиче која ја исконтактирала по настанот, и кажала дека и таму повремено се појавува лице кое сексуално вознемирува жени.

„Тие работат на случајот. Самиот инспектор ми се јави и ми кажа. Тоа што исто така сметаат дека е важно да се направи е координација со други институции кои се надлежни со овој проблем, како Центрите за социјална работа. Јас лично не се чувствувам сигурно, сеуште. Има луѓе со многу пострашни искуства, како што се нападите на жени. Сега поинаку ја гледам околината во која живеам, како и поинаку се однесувам. Во смисла на заштита, многу размислувам за како би постапила во таква ситуација. Испаѓа дека ова континуирано се случува. Од жена во Лисиче која ми испрати фотографија и ми кажа дека периодично се појавува едно исто лице. Тоа не е нешто што се случува и го снемува. Не знам што е потребно да направам. Се организирам и се координирам со искуството кое го имам од други проблеми и прашања, за да се заштитам и да им помогнам на другите жртви“, вели Стојановиќ.

Таа додава дека институционална поддршка од овој момент не добила. Објаснува дека не била исконтактирана ниту од граѓански организации кои се занимаваат со ваква проблематика.

„Освен луѓето што живеат околу мене, комшиките, жените кои се во маало, кои се понудија и ми дадоа број да се јавам ако се појави, друга поддршка, институционална не добив. Ниту од граѓанските организации, комуникација или било што, ништо немам добиено. Јас можам да се јавам затоа што знам луѓе од граѓанскиот сектор, но стварно се ставив во позиција, што со луѓето кои немаат такви контакти. Никој не ги исконтактирал другите жени“, додава Стојановиќ.

Од МВР велат дека е зајакнато полициското присуство, со цел да се пронајде демначот и да се заштитат можните жртви.

„Секторот за внатрешни работи Скопје, го зајакна присуството на полициски службеници во овој дел, а се преземаат и сите мерки за проверка на наводите. Ако се утврди дека ваквите наводи се вистинити, по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Во оваа насока сметаме на партнерската улога која ја имаат граѓаните со полицијата и апелираме за било какво сомнение да пријават во најблиската полициска станица“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски