Полицијата трага по кумановчанец кој криел 31 арапски мигрант во својот дом

Од:

Полицијата распиша потрега по А.М. кој е во бегство, а се бара за сторено кривично дело “круимчарење на мигранти“.

Против А.М. (41) од кумановското село Лојане е поднесена кривична пријава бидејќи при претрес на неговиот дом биле откриени девет сомалиски илегалци, кои на полицијата и кажале дека претходно тој криел 22 арапски мигранти.

Според информациите од министерството за внатрешни работи, на 10 декември во домот на А.М. во Лојане бил извршен претрес.

“По предходно добиени информации дека во куќата на осомничениот во Лојане престојуваат лица мигранти од арапските земји, од страна на Одделението за илегална миграција и прекуграничен криминал – Куманово се преземени мерки за претрес на дом и други простории. Од извршениот претрес во помошната просторија во куќата на А.М., беа пронајдени девет мигранти од Сомалија“, соопштуваат од МВР. Во разговорот со кумановската полиција имигрантите кажале дека за ноќевање во куќата во Лојане платиле по пет евра.

“Тие илегално, пред околу еден месец, оствариле влез од Грција во Македонија. За превозот од Гевгелија до Лојане кој им го организирал А.М. преку такси превозници, му платиле надомест од 500 евра за едно возило“, објаснуваат од МВР.

Мигрантите во разговорот откриле дека во куќата на А.М. во текот на месец ноември престојувале 22 мигранти од арапските земји кои исто така му платиле на А.М. по 500 евра од лице за да им помогне да ја поминат српската граница.

Во моментов осомничениот А.М. е во бегство и по него е распишана потрага по лице од страна на Одделението за потраги при МВР, додека деветте лица мигранти се сместени во Прифатниот центар за странци за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена