Полицијата трага по исчезнат маж кај Велестово, Охридско

Од:

Повеќе полициски службеници од СВР Охрид се вклучени во пребарување на теренот околу Велестово со цел пронаоѓање на 64 годишно лице од охридското село Рача, кој синоќа во 18 часот од страна на неговото семејство беше пријавен за исчезнат.

Како што соопшти МВР, овие посебни полициски активности, СВР Охрид ги отпочна набрзо по пријавувањето и беа насочени кон месноста „Крстец“ атар на селото Велестово.

– Претресот на планинскиот дел траеше до 01,30 часот утрово, а продолжува и денеска. Во посебните полициски мерки за преглед и претрес на терен во потрага по исчезнато лице, денеска ќе бидат ангажирани и службени полициски кучиња за потрага на лица од соодветната полициска единица при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, наведуваат од МВР.

Прегледот и претресот на терен се одвива во содејство со единицата за интервенции и спасување планини и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид, како и со месно население од селото Рача.

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица