Полицијата спаси четири лица од пловен објект во Охридско Езеро откако им се скрши дел од едрилицата

Од:

Вчера во 19.30 часот, во Полициската станица за граничен надзор било пријавено дека лица од пловен објект кој бил во водите на Охридското Езеро, на околу 2.5 километри од езерскиот брег наспроти авто кампот „Извиднички“, бараат помош.

„Полициски службеници со службен глисер веднаш се упатиле кон посочената локација, каде се забележани четири лица на едрилица кои барале помош. Преземени се неопходните мерки и лицата се безбедно пренесени во полициската станица кај каналот „Студенчишта“. Безбедно е извлечена и едрилицата на која, поради лошите временски услови со силен ветар и бранови, дошло до кршење на крмениот лист, по што, лицето кое ја управувало едрилицата, изгубило контрола врз пловниот објект“, извести полицијата.

Би можело да ве интересира

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

Српското МВР предупредува на нова лесно уверлива измама на WhatsApp

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

Една година затвор за напад и прегазување на полицаец во Кавадарци

Блесна новогодишната елка во Охридското Езеро

Катерина Ѓуровски