Полицијата пронајде 17 странски државјани со нелегален престој во Македонија

Од:

На ул.„Климент Охридски“, во непосредна близина на бензинска пумпа на „Металопромет“ во Струмица, завчера во 03,00 часот, од страна на полициски служеници од Мобилна единица за прекуграничен криминал Скопје, е извршена контрола на автомобил „Опел Кадет“, со кумановски регистарски таблички, при што се затекнати десет странски државјани со нелегален престој во Република Македонија.

При контролата во возилото сопственост на М.Е., а управувано од Д.Е. (32) од Скопје, затекнати се седум државјани на Сенегал, двајца државјани на Пакистан и едно лице државјанин на Авганистан. Утврдено е дека лицата биле со нелегален престој и не поседувале патни документи, заради што од страна на полициските службеници од мобиланата единица за прекуграничен криминал Скопје, лицата се приведени и донесени во СВР Струмица. Возилото со потврда за привремено одземени предмети е одземено и донесено во кругот на СВР Струмица.

Од извршениот разговор со приведениот Д.Е. констатирано е дека тој патувал на релација Скопје – Гевгелија – Скопје, каде од село Богородица ги прифатил десетте странски државјани, кои требало за сума од 150 евра, да ги пренесе преку Струмица за Куманово, со што сторил кривично дело „криумчарење мигранти“ и против истиот е поднесена соодветна пријава до надлежното Основното Јавно обвинителство.

Десетмината странски државјани се однесени во прифатниот центар на МВР за понатамошно постапување.

Покрај ова завчера беше реализиран уште еден случај на илегална миграција. Имено на Греаничниот премин „Богородица“ околу 22,40 часот во товарен воз, односно во вагон во една од двете камионски товарни приколки, пронајдени се седум државјани на Мали, кои се спречени во обид за нелегален премин на државната граница од Грција во Македонија. По извршениот разговор со странските државјани и изготвувањето на потребната документација, тие вчера со полициска придружба им се предадени на грчките полициски власти на ГП „Евзони“.

Би можело да ве интересира

МВР на поклон доби 23 мотоцикли „Piggio“ и комплетна опрема за возачите

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!