Полицијата приведе малолетник кој крадел во Скопско

Од:

Во Полициската станица Чаир вчера во 13:45 часот од слобода е лишен малолетник од Скопје поради основано сомнение дека е сторител на неколку кривични дела „тешка кражба”.

Како што информира МВР, првата кражба е пријавена на 30.01.2021 во маркет во село Горо Оризари, скопско од каде се одземени пари и продукти, втората кражба е пријавена на 31.01.2021 година, во објект во село Горно Оризари, скопско, сопственост на С.В., од каде биле одземени пари. Третата тешка кражба е извршена во Основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во населба Шуто Оризари од каде бил одземен алат.

Известен е Јавен обвинител за малолетници и по документирање на случаите ќе следат соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби