Полицијата приведе лице поради сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“, следува кривична пријава

Од:

Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода О.А.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“ по член 237 и член 238 од Кривичниот законик.

– Првото кривично дело го сторил на 12.06.2026 на кеј „Димитар Влахов“, каде заедно со уште две други лица физички нападнале 38 годишен маж и му одзеле велосипед и паричник со пари и документи. Второто кривично дело го извршил на 10.07.2026 на бул.“Кочо Рацин“ каде со употреба на физичка сила и закана со остар предмет од 45 годишна жена одзел паричник со пари и документи – се посочува во соопштението од МВР.

Од страна на Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје до ОЈО Скопје по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.

Би можело да ве интересира

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите