ВИДЕО: Полицијата пресече меѓународен канал за криумчарење наркотици

Од:

Министерството за внатрешни работи во соработка со Царинската управа пресекоа меѓународен канал за криумчарење на наркотици кон западноевропските земји. При акцијата приведен е еден македонски државјанин, а запленети се пет килограми високо квалитетна марихуана која требало да ја пренесе на релација Македонија – Австрија.

Како што соопшти МВР, против А.Б.(1991) од село Студеничани, Скопје ќе биде поднесена кривична пријава поради основи на сомневање дека сторил кривично дело ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’.

Имено, пријавениот во текот на месецов за паричен надомест од 1.600 евра и 4.300 денари по претходно дадени инструкции од засега непознати лица од населба Ченто требало да изврши транспорт на наркотичната дрога марихуана на релација Скопје-Салзбург каде што наркотичната дрога марихуана требало да му ја предаде на друго лице кое моментално престојувало во Салзбург, Австрија.

Во изминативе две недели, пријавениот стапил во контакт со непознато лице од населба Ченто на возраст од околу 27 години, кој го ангажирал да го изврши транспортот на наркотичната дрога марихуана во количина од околу 5 килограми, при што завчера околу 14,00 часот во Скопје во населба Ченто, пријавениот се сретнал со него и добил инструкции за вршењето на транспортот на дрогата.

Вчера пак, околу 18,00 часот, по претходен телефонски контакт, лицето дошло пред домот на пријавениот каде што тој живеел со неговото семејство под кирија, го земал пријавениот и заедно заминале на меѓународната автобуска станица во Скопје. За време на патувањето до автобуската станица, непознатото лице на пријавениот му објаснил дека во црна патна торба била сокриена наркотична дрога марихуана во количина од околу пет килограми. При тоа, на пријавениот му дал 550 евра и 4.300 денари и кога стигнале пред меѓународната автобуска станица „Руле турс“ Скопје, во близина на семафорите, пријавениот ја зел патната торбица и заминал во правец на автобуската станица.

На автобуската станица, пријавениот извадил билет во еден правец за Скопје-Салзбург, платил за него од претходно дадените парични средства од непознатото лицето и во 19,30 часот се качил во автобус на агенцијата „Еуро бус„ кој сообраќал на редовна автобуска линија Струга-Скопје-Салзбург. Околу 21,00 часот, по пристигнувањето на автобусот на граничниот премин „Табановце“ на излез од Република Македонија, од страна на Царинската управа на Република Македонија пријавениот бил селектиран за детална контрола при што бил извршен претрес над него и личниот багаж. При претресот во патната торбица помеѓу гардеробата биле забележани 5 пакувања облепени со кафеава селотејп лента со непозната растителна материја зелена боја.

По извршеното тестирање на лице место од страна на царинските службеници на непознатата растителна материја, истата реагирала на присуство на канабоиди – наркотична дрога марихуана. Од страна на Отсекот за криминалистичка техника при СВР Куманово, извршена е криминалистичко техничка обработка на пронајдените пет пакувања со непозната растителна материја и црната патна торбица во кој беше пронајдена, истите се подигнати и извршено е фотографирање.

Пријавениот А.Б. е лишен од слобода и е спроведен во Полициска станица во Куманово каде е извршен службен разговор.

Би можело да ве интересира

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски