Полицијата повторно забрани протест пред влада

Од:

За демонстрантите кои бараат оставка од Никола Груевски и денеска е забранет пристап до Владата.

Тие положија банери на кои пишува „Збогум Никола“, „Оставки“, „Нема амнестија“, пред полицијата која го блокира булеварот Св Климент Охридски.

Луѓето кои протестираат бараат оставки и одговорност од целата влада, да се пуштат притворените од 5 Мај и да се формира влада за демократизација на институциите. Претходните денови, откако не им беше дозволено да протестираат пред Влада, се упатуваа кон Основниот суд 1, а протестот завршуваше пред Собранието.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите