Полицијата откри крадени возила од ЕУ

Од:

Во рамки на операцијата „Европа 2013“ под водство на Интерпол, македонската полиција изврши контрола и проверки над 416 лица, 99 документи за моторни возила и вкупно 1.396 моторни возила, од кои 1.361 патнички, 14 товарни моторни возила, два мотори, една градежна машина и 18 други моторни возила, соопшти МВР.

Штабот во кој учествувале повеќе опаративни служби на Министерството за внатрешни работи имал за цел да  изврши контрола на секаков вид  возила, односно патнички, товарни, работни машини, а со посебен акцент на возила од  германско потекло (Volkswagen, AUDI, BMW, Mercedes) со поголема вредност, односно понови модели, потоа криминални активности поврзани со криумчарење и недозволена трговија на украдени возила, возила предмет на осигурителни, лизинг и други финансиски измами, како и моторцикли од поголема материјална вредност.

– Во операцијата  регистрирани се вкупно четири неправилности, односно три погодоци при извршени проверки во АСФ базата на регистрирани крадени возила на Интерпол каде возилата се пријавени за крадени од Германија, Италија, Словачка, и еден погодок на крадено возило, кое било внесено во националната база на Швајцарија, а по завршување на операцијата и во АСФ, стои во сооштението.

Од вкупниот број извршени контроли утврдени се неправилности кај вкупно осум возила: Hummer X2, сопственост на македонски државјанин, каде e утврдено фалсификат на ВИН бројот, а возилото евидира во АСФ базата за украдено возило во Германија, BMW 320D, кое евидира во АСФ базата за украдено возило во Италија, Volkaswagen Passat управуван од македонски државјанин кај кој е утврдено фалсификат на ВИН бројот и возилото евидира во АСФ базата за украдено возило во Словачка, Volkswagen Passat, кое евидира во националната база на Шварцарија за украдено возило, а внесено е во базата на крадени возила на Интрепол по завршување на операцијата.

Неправилност е откриена кај Golf управуван до српски државјанин, утврдено e фалсификат на ВИН бројот, Golf управуван од бугарски државјанин  кај кој  е утврдено фалсификат на ВИН бројот и кај BMW 530D, сопственост на македонски државјанин, утврден е фалсификат на ВИН бројот.

Возилата се одземени и ќе бидат извршени дополнителни проверки, а против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. По барање на унгарската полиција, а поради сомнение дека возилото е поврзано со кривично дело „убиство“, распишана е потрага и по возило Opel Vektra, со бугарски таблички.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он