Полицијата најде кокаин во „Мерцедес“ на автопатот кај Желино, уапсени тројца гостиварци

Од:

Денеска (23.12.2020) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во заедничка акција со СВР Тетово на наплатната станица Желино сопреа патничко моторно возило „мерцедес“ со швајцарски регистерски ознаки, во кое биле Х.И.(31) од селото Градец, Гостивар, С.Б (31) од с.Градец и А.Ш. (32) од Гостивар, соопшти МВР.

При извршениот преглед биле пронајдени пакувања со кокаин. Лицата се приведени во СВР Тетово и ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство Тетово, се вели во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско