Полицијата ќе купува 150 возила „сеат алтеа фритрек“

Од:

Од петте компании кои учествуваа во електронската аукција за набавка на новите полициски возила, МВР.се определила за понудата на компанијата Ка-Дис за моделот Seat Altea Freetrack.

Новите 150 возила за полицијата ќе бидат набавени по цена од 3, 4 милиони евра. Најниската понудена цена на огласот за набавка на 150 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи постигната на денешната електронска аукција беше 209.750.000 денари.

На електронската аукција на која почетната цена беше 3, 8 милиони евра, учествуваа пет правни субјекти со свои понуди – Порше Македонија со моделот шкода јети, Аутомотив Груп сo рено колеос, Автомакедонија со oпел инсигниа, Ка-Дис со сеат алтеа и Делукс -Ауто Куманово со фолксваген тигуан.

Возилата, според тендерската документација треба да бидат во бела боја со ознаки на полицијата, а во цената е вклучено и тригодишно бесплатно одржување на возилата.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски