Полицијата изрече 139 санкции на возачи на територија на град Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изрече вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, седум за возење без возачка дозвола, два прекршока што ги чинат возачите на мотоцикли.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се изречени шест санкции за користење мобилен телефон, 51 санкција за непрописно паркирање, две санкции за минување на црвено светло, четири санкции за некористење сигурносен појас.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини

Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце