Полицијата и натаму трага по Теофиловски, судот одреди куќен притвор за четири други лица

Од:

Кривичниот суд одреди куќен притвор за четири лица, а на едно лице му определи мерки за претпазливност односно забрана за напуштање на живеалиштето, одземање на пасош и обврска да се јавува во судот. Зоран Теофиловски кој е член на Судскиот совет, како и осомничен во случајот на Обвинителството за организиран криминал и натаму е недостапен за органите на прогонот. Сите се сомничат дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, поради противправна легализација на градежно земјиште со површина од 4.410 метри квадратни во Тетово.

„Судија на претходна постапка донесе решение со кое на 4 лица им определи мерка куќен притвор, додека на едно лице му определи мерки на претпазливост односно – Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Привремено одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и Обврска за јавување на службено лице во судот“, соопштува судот.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

„Едно лице опфатено со предлогот за определување мерка притвор сеуште не е обезбедено од органите на прогон додека другите две лица за кои се предлагаат мерки за претпазливост, повикани се во текот на утрешниот ден да се јават пред судија на претходна постапка за нивно прозинесување во однос на предлогот на обвинителството“, се додава во соопштението на Кривичниот суд.

Теофиловски, по кој трага полицијата е зет на Александра Зафировска, поранешна претседателка на Судскиот совет чиј глас можеше да се слушне и во таканаречените „бомби“ како соработува со тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ околу изборот на судии.

Со стореното кривично дело, осомничените се гонат поради нанесена штета на буџетот од околу 860 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците

Кривина пријава за жител на Пласница кој го отшетил возот „Ќиро“

Професор истепал ученичка во средо училиште во Кичево

Го тепал, го принудувал орално да го задоволува и да користи дрога – кумановец киднапирал сограѓанин

Тетовец силувал 15-годишно девојче, мајка и молчела поради љубовна врска со него