Полицијата го расчисти случајот со тепање на куче во радовишко од објавено видео на социјалните мрежи

Од:

На први февруари околу 14.00 часот во Полициска станица Радовиш е пријавено дека на социјалната мрежа Фејсбук на страна на здружение за заштита на животни е објавена видео снимка на која се гледа тепање на животно – куче, со употреба на тврд предмет, од страна на С.Т. од с.Ораовица, извести МВР.

– Од страна на полициски службеници веднаш се преземени мерки, лицето е пронајдено, со него е извршен службен разговор и преземени се сите потребни активности, при што е утврдено дека наведените дејствија се извршени пред повеќе години и констатирано е кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Радовиш, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Претрес во Гостивар, пронајден кокаин

Ана Ололовска

Малолетно девојче повредено од дефектолог од Скопје

Ана Ололовска

Маж од Тетово пукал кон двајца скопјани на автопатот Тетово-Скопје

Ана Ололовска

Приведен крадец, следува пријава против него и лицата кои му помагале

Ана Ололовска

Приведен скопјанец, се обидел да подигне брз кредит со фалсификувана лична карта

Ана Ололовска

При петрес во Струмица пронајден опиум, приведено едно лице

Ана Ололовска