Полицијата го бара возачот што со камион шверцувал мигранти

Од:

Полицијата работи на откривање на возачот кој вчера во камион оставил 33 мигранти на стариот пат Скопје – Куманово и побегнал.

Како што инфомира МВР, вчера околу 11:30 часот на патот Никуштак-Орланци било пронајдено товарно моторно возило „Мерцедес“ со лажни велешки регистарски ознаки.

– Од страна на полициски службеници од Регионален центар-Север и екипа од крим-техника при СВР-Куманово извршен е увид на местото на настанот, при што било утврдено дека во возилото се превезувале 33 мигранти од кои 15 од Иран, 16 од Ирак и две од Либија. Исто така, било констатирано дека се работи за товарно моторно возило „Мерцедес“ со регистарски ознаки кои се одјавени на 04.01.2016 година во Штип. Повикан бил и претходниот сопственик, 33 годишно лице од Штип, кој изјавил дека 04.01.2016 година камионот го продал на Џ.И.(24) од велешко, за што на увид приложил купопродажен договор, соопшти МВР.

Оттаму прецизираат дека тројца од мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје, на 16 мигранти од Ирак им била издадена Потврда за изкажана намера за поднесување на барање за азил и ќе бидат спроведени во Кампот на Табановце, а за 15 мигранти од Иран поднесен е Записник за прием на усно барање за признавање право на Азил, по што ќе се спроведат во Центарот за Азил Визбегово-Скопје.

За сите преземени мерки бил известен дежурен јавен обвинител при ОКК-Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот и пронаоѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

МВР вработува 150 полицајци

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот