Полицијата „ги тресе“ прилепските и битолските кафеани

Од:

Засилено полициско присуство во повеќе кафулиња и барови во Прилеп и Битола.

МВР во координација со УЈП, викендов спроведува акција во повеќе локали низ градовите.

Полицијата започнала со проверки од 22 часот вечерва а се проверуваат кафулиња, дискотеки, ресторани и барови за нелегално точење алкохол на малолетници, непочитување на законот за пушење и неиздавање фискални сметки, објави Макфакс.

Од МВР не откриваат во колку локали досега се забележани неправилности во работата. Повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Минатиот викенд МВР спроведе акција во Скопје по што 13 локали беа затворени.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари