Полицијата да спроведе акција МРЕЖА за да го спречи кримималот со риба бараат охридските рибари

Од:

Полицијата под итно да спроведе акција која би ја нарекла МРЕЖА, а која би имала за цел да го спречи организираниот криминил со риба кој царува во Охридското езеро бараат спортските риболовци од Охрид.

Зошто институциите на Владата на Република Македонија не спроведат акција која би асоцира на риба „МРЕЖА“ слична на Бумеранг, Оса и неколку други кои беа спроведени во минатото?

Можеби ќе влета во мрежата и некој потенцијален концесионер, полицаец, судија, инспектор, цариник, обвинител, научници, секретар, експерти, пратеник, заменик министар, референт, сопственик на рибник, директор, рибар и рибокрадец вели за А1 Радован Димитриевски претседател на спортско риболовниот клуб Свети Апостол Петар од Охрид.

Организираниот криминал зема толку голем замав поради што е неопходна една таква акција на ниво на Македонија, како единствен начин да се пресече ланецот на недозволен риболов и трговија со риба вели Димитриевски, според кого единствен спас за рибниот фонд е формирање на владина агенција кој под своја заштита и контрола ќе го земе управувањето со Охридското езеро, а во чии рамки би работела и рибарска полиција.

Спортските риболовци велат дека ваква мерка е неопходна и за Преспанското езеро, бидејќи на последниот оглас никој не се пријави за концесионирање со езерото за стопански риболов, а масовната кражба на риба од езерото и понатаму ќе продолжи.

Дел од рибата од Преспанско завршува во Охрид, каде мештаните ја продаваат по куќите, зградите и рестораните. Во Македонија има и над стотина места каде инспекторите и рибочуварите не смеат да вршат контрола бидејќи животот им е загрозен како што е случајот со Липковското езеро вели за А1 Димитриевски.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on