Полиција откри 185 килограми марихуана во викендичка

Од:

о викендичка во населбата Суви Лаки на планината Огражден, сопственост на М.П.(63) од Струмица, полицијата откри 185 килограми марихуана, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

По наредба на судија во претходна постапка при Основниот суд во Струмица бил извршен претрес во викендичката.

– Во помошна просторија, остава-шупа, пронајдена е марихуана спакувана во 18 полиетиленски кеси со маса од околку 185 килограми. По преземените истражни дејствија, во викенд куќата исто така пронајдена е марихуана. Струмичанецот М.П (21) е лишен од слобода и е задржан во СВР Струмица, информираше Рендевска.

Инаку, по уште две лица полицијата трага, а се работи на целосно расчистување и документирање на настанот.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват