Полиција го чува просторот за барокна катна гаража кај „Аутомакедонија“, жителите на средба со градоначалникот

Од:

Полициска екипа утрово го обезбедува паркингот кај „Аутомакедонија“ во центарот на Скопје каде што од денес може да почне да се гради барокната катна гаража од проектот „Скопје 2014“.

Жителите од околните згради излегоа да чуваат стража за да не почне оградување на просторот, а градоначалникот на Општина Центар дојде да им ги каже следните чекори за спречување на градбата.

Во тек е средбата на градоначалникот со граѓаните, а полицајците засега нема потреба да интервенираат оти нема инцидент.

Од другата страна на паркингот пак, стои Никола Настески, сопственик на „Никофон“ кој го купи земјиштето за гаражата со своја екипа со инструменти за мерење.

Настески добил судска пресуда дека тој е сопственик на парцелата откако „Паркинзи Општина Центар“ не му го отстапуваше земјиштето со објаснување дека имаат одлука за владение.

Би можело да ве интересира

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он