Полицајците од СВР Гевгелија доброволно даруваа крв

Од:

Општинскиот Црвен крст од Гевгелија и годинава ја организираше осмата по ред доброволна крводарителска акција на полициските службеници од СВР Гевгелија, кои работат во состав на Полициските станици во Гевгелија, Богданци, Дојран и Граничниот премин Богородица.

Со одѕив на 15 вработени, изминативе два дена во Службата за трансфузиона медицина беа собрани 15 крвни единици од хуманите припадници на СВР Гевгелија.

Ваквите акции на полициските службеници се одвиваат веќе четврта година по ред, по два пати во годината, на ниво на цела држава, во соработка со МВР, Црвениот крст на РМ и Службите за трансфузиона медицина во Скопје и во општините што се приклучија кон акцијата.

Доброволното крводарителство на полициските службеници во овој период од годината е особено значајно поради континуираниот недостиг на крв како единствен лек што не се фабрикува, а е особено неопходна и повремено дефицитарна за потребите на болничкиот третман на редовните и итните пациенти во текот на летниот период кога има зголемен број патници и возила низ нашата држава и несреќни случки.

Општинскиот Црвен крст од Гевгелија ја најави и третата летна крводарителска акција за годинава која ќе се одржи на 10 август од 9 до 15 часот на централната Градска плажа во Стар Дојран.

Изминативе две години оваа акаци ја беше во мирување поради слабиот одѕив на крводарители (само осум крводарители во текот на целодневната акција организирана во 2010 година).

– Овде во Стар Дојран пред децении го имавме постигнато републичкиот рекорд сособрани 187 крвни единици за еден ден во текот на летната крводарителска акција спроведена во автокампот „Мрдаја“ во Стар Дојран во 1987 година. Таков резултат и одѕив се нема забележано ниту во акциите спроведени во касарната „Илинден“, каде што на времето беа стационирани по 8 до 10.000 војници – изјави МладенБундов, секретарот на Црвениот крст од Гевгелија, потсетувајќи се на големиот одѕив на доброволни крводарители на акциите што се спроведувале во туристичкото место Стар Дојран.

Првата летна крводарителска акција годинава беше спроведена во рамките на јубилејниот 25-ти меморијален турнир во мал фудбал „Тихо“ 2013 во Миравци, каде што беше собрана 31 крвна единица. Летниот извештај на крводарувања на ЦК од Гевгелија годинава го пополнуваат фудбалери, фудбалски љубители, полициски службеници, а се очекува поголем одѕив и на годишно одморци и викенд – гости на плажите на Дојранското Езеро.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Собрани 38 единици крв во трите крводарителни акции во Тетовско неделава

Во Битола одбележан македонскиот ден на крводарителите и Црвен Крст на Македонија

Ана Ололовска

Крводарителска акција во УЈП

Ана Ололовска

Во Велес собрани 112 крвни единици во крводарителска акција на МК „Носачи на крстот“

Ана Ололовска

Крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица

Ана Ололовска

Крводарителска акција по повод Денот на општина Илинден

Ана Ололовска