• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Васко Маглешов
Македонија

Полицајците законски го претресле домот на Ременски, одлучи судот

by Васко Маглешов05/12/2019 - 14:1305/12/2019 - 14:181006
Share0

Судија на претходна постапка од кривичниот суд во Скопје ѝ ја одбил жалбата на осомничената Фросина Ременски, која побарала судска контрола над законитоста на прeтресот во нејзиниот дом за истрагата со случајот „Рекет“, кој го отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, потврдија од судот за „А1он“.

Добивај вести на вибер

Ременски побара од судот да преиспита дали претресот на полицајците во нејзиниот дом бил законски. Судијата направил проверки и констатирал дека претресот е спроведен во согласност со Законот. Ременски сега има право на жалба до совет од тројца судии во кривичниот суд.

Таа за „А1он“ тврди дека претресот во нејзинот дом е спроведен незаконски и дека поднела кривична пријава до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за кривични дела сторени од овластени службени лица. Ременски бара изземање на обвинителката Гордана Смаќоска, бидејќи 6,5 години не постапила за кривичната пријава со лабораториите за крим вештачењата и пресретнување на комуникациите.

„Секторот за внатрешни работи се прогласи за ненадлежен за претставката за внатрешна контрола. Ќе ги искористам сите механизми и ова ќе го терам до крај“, рече Ременски за „А1он“.

Обвинителството за организиран криминал потврди дека при претресот во куќата на осомничената пратеничка на СДСМ, за истрагата за случајот „Рекет“ се најдени доверливи документи.

Истрагата за случајот се води за невладината организација „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски, чиј почесен претседател беше Фросина Ременски, а опфатени се пет осомничени. Одземените предмети се дадени на вештачење.

Првоосомничениот, Бојан Јовановски, според Обвинителството, сторил продолжено кривично дело измама и перење пари, а останатите се сомничат дека помагале при извршување на измамата. Тројца од нив се осомничени дека помагале при перењето пари.

Во периодот од јули 2017 година до април 2018 година првоосомничениот искористувајќи документи од невладината организација, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво.

Според Обвинителството, Ременски како функционер, заедно со првоосомничениот, присуствувала на средбите организирани од првоосомничениот, при што ги искористила својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.

На Ременски судот на 10 октомври ѝ го одзеде пасошот и ѝ изрече забрана да го напушта Скопје и еднаш неделно да се јавува во судот.

frosina remenskiremenski

Би можело да ве интересира

Ременски и врати на Русковска: Ве победив на суд, а писмото ви е за домашна употреба додека клеветнички го рушите угледот на државата

Кристијан Ландов04/08/2022 - 19:4704/08/2022 - 20:35

ВИДЕО: Ременски негира вина во „Меѓународен сојуз“, ја обвини обвинителката Трајчева за злоупотреба на службената положба

Кристијан Ландов16/03/2022 - 16:4316/03/2022 - 19:40

ВИДЕО: Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ

Кристијан Ландов01/12/2021 - 10:5301/12/2021 - 12:53

Ременски бара да се прикаже снимка од домашниот видео-надзор: Обвинение не може да опстои со незаконско постапување

Кристијан Ландов25/11/2020 - 17:4925/11/2020 - 17:52

Пораките помеѓу Јовановски и Ременски читани во судница: Боки да ми ги врати парите и нема да има проблем

Кристијан Ландов25/11/2020 - 17:2925/11/2020 - 17:31

Ременски до Шеќеринска: Дали антинационалната кампања на Каракачанов според НАТО стандардите е хибридна закана?

Кристијан Ландов02/11/2020 - 18:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен