ВИДЕО: Полицајците во Гошинце сами се ослободиле

Од:

Тројца од заробените полицајци во Гошинце ги ослободил четвртиот колега кого припадниците на УЧК кој влегеле од Косово не го врзале со лисици како останатите полицајци, тврди МВР.

Според портпаролот Иво Котевски, четириесет униформирани лица со ознака на УЧК носеле и камера и го снимале заземањето на полициската караула и врзувањето на полицајците.

„Лицата биле добро вооружени и носеле маскирни униформи со ознаки на УЧК и меѓу себе комуницирале на албански јазик. При нападот биле заробени четворица полициски службеници. Напаѓачите ги разоружале и тројца од нив ги врзале со лисици и започнале да удираат еден од полициските службеници. Истите извадиле камера и го снимале настанот. Лицето кое ја предводело групата на албански преку преведувач кој говорел лош македонски им се обратил ние сме од УЧК и пренесете на сите дека ниту Груевски ниту Ахмети не може да ве спаси. Ние сакаме наша држава и не сакаме никакви охридски договори.

Доклку вас или некој друг фатиме повторно сите ќе ве ликвидираме. По ова на врзаните полицајци им било дадено време од половина час по нивното заминување пеш да си заминат од караулата и им упатиле сериозни закани дека ако порано го направат тоа ќе бидат ликвидирани. По половина час еден од полициските службеници кој што не бил врзан станал ги земал клучевите од лисиците кои што биле на земја, ги одврзал сите колеги и пеш се упатиле по патот надолу а во еден момент слушнале и долг рафал од автоматско оружје. Според првичните сознанија се работи за лица од Косово но дополнително се преземаат мерки за обезбедување на соодветни докази“, рече портпаролот на МВР Иво Котевски.

Со полицајците припадниците на УЧК комуницирале преку преведувач кој зборувал македонски многу лошо.

Меѓу другото униформираните лица на полицајците им порачале дека нема да ги спаси ниту Никола Груевски ниту Али Ахмети и дека тие не го признаваат Рамковниот договор од 2001-ва.

На полицајците им било одземено оружјето, радиостаниците за комуникација и им биле искршени мобилните телефони.

Од МВР немаше одговор каде се наоѓа добро наоружаната група за која тврдат дека е од Косово со ознаки на УЧК и дали се уште е на територија на Македонија или ја поминале границата и се на Косово.

Портпаролот Котевски не сакаше да одговори на новинарските прашања поради како што рече активности на полицијата кои се во тек.

Би можело да ве интересира

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Тошковски удри по професионалците во МВР