Полициски службеници вчера го уапсиле Г.А.(53) од Кочани. При сообраќајна контрола на ул.„Димитар Влахов“ е сопрено возило „фолксваген“ кое го управувал Г.А., и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,86 промили алкохол во крвта.
„Возачот е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.