Полицајци уапсиле агресивен колега што не сакал да се идентификува

Од:

На улицата „Александар Урдаревски“ во Скопје, ноќеска во 03:00 часот полициски службеници го лишиле од слобода М.Д., кој исто така бил вработен во Министерството за внатрешни работи, затоа што при контрола на неговото возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, одбивал да даде документи за идентификација и се однесувал агресивно кон полициските службеници.

Како што соопшти Министертсвото за внатрешни работи во редовниот дневен Билтен, полицајците го привеле колегата во Полициското одделение Шуто Оризари.

Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за натамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип