Полицајци повредени во сообраќајка кај Ќафасан

Од:

„На 18.07.2021 во 17.20 часот на магистралниот пат Струга – Граничен премин „Ќафасан“, во близина на крстосницата за с.Мали Влај, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, патничко возило „бмв“, со швајцарска национална ознака, управувано од Р.Н.(38) од с.Градец, гостиварско и патничко возило „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(25) од Охрид“, соопшти полицијата.

„Во незгодата, двајца полициски службеници, возачот на возилото „бмв“ и двајца сопатници од неговото возило се здобиле со повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струга и болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, се вели во полициското соопштение, во кое уште се додава дека увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа