Полицајци поднесоа кривични пријави против Чулев

Од:

Вработени во МВР поднеле кривични пријави до Обвинителствата во Охрид, Скопје и другите градови поради против техничкиот министер, Наќе Чулев. Според пријавата до која дојде „А1он“, полицајците бараат Чулев да се гони за злоупотреба на службената положба и овластување, како и повреда на права од работен однос. Пријавата ја поднеле полициски службеници, вработени во неколку сектори на МВР кон крајот на февруари.

Во поднесокот до Обвинителствата, пишува дека министерот Чулев со свесно искористување на службената положба и овластување, иако знаел дека согласно чл. 44 од Законот за влада може да изврши најмногу 15 разрешувања или распоредувања на пониско ниво, што и го направил во јануари, а свесен дека дополнителниот заменик министер мора да ги потпише актите и документите за кадровски прашања, на 6 февруари издал 89 незаконски решенија за препраспределување на работници со еден потпис.

Со пријавата против Чулев, се спори неговото постапување, односно, поднесителите тврдат дека без почитување на законските одредби и спротивно на Законот за внатрешни работи и Колективниот договор на МВР, тие биле прераспределувани.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски