Полицајци и родители ќе патролираат во охридските кафулиња

Од:

Полициски службеници и родители вечер ќе патролираат низ угостителските објекти во Охрид во рамки на проектот „Мешани патроли“.

СВР Охрид соопшти дека заедно со родителите кои доброволно се пријавиле да учествуваат во патролата, покрај полициските службеници ќе има и претставници на локалната самоуправа, основните и средните училишта, училишните одбори, претседатели на урбани заедници, советот на родители од образовните институции, заинтересирани граѓани и медиуми.

– Тоа е можност родителите да видат каде и во какви услови младите се забавуваат, кои угостителски објекти најчесто ги посетуваат, да разбијат одредени табуа во однос на проблематични состојби и во најдиректен разговор со угостителите и полициските службеници да добијат изворни информации каков е амбиенот во локалот, што е карактеристочно за тој локал, кои се проблемите со кои и локалите и младите се соочуваат, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Целта на проектот „Мешани патроли“ е зголемување на степенот на безбедност, намалување на можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, подигање на општествената свест за нивно одговорно однесување и почитување на законската регулатива, преку широка општествена акција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години