Полицајци го тужат МВР

Од:

Четириесетина пресуди објави Основниот суд од Штип во изминатите два-три месеци, сите во прилог на вработени во Министерството за внатрешни работи. Тужат главно полицајци, кои останале покуси за додатоци на плата, прекувремена работа,патни трошоци и регреси. Независниот полициски синдикат проценува дека на ниво на државата, МВР во изминатите неколку години треба да исплати околу осум милиони евра по основа на тужби. Од МВР нема точна информација за колкав износ се работи.

Јавно објавени пресуди на штипските полицајци се во износи од 20.000 денари, па до 120.000 колку што е најголемиот досуден износ. Портпаролот на штипскиот Основен суд, Стојан Михов вели дека овие пресуди се базираат на законот и Колективниот договор потпишан меѓу МВР и синдикатот.

Претседателот на Независниот полициски синдикат, Гоце Делчев, изјави дека проблемите настанале прво со патните трошоци.

– Имаше прераспределба на полициски службеници од Куманово во Гевгелија, или од Куманово во Дебар. При тоа, колегите не добиваа патни трошоци што им следуваат. Кога почнаа да ги добиваат тужбите на суд, престанаа и ваквите прераспределби, вели Делчев.

Потоа следеле закинувањата на надоместоците за прекувремена работа и дежурства, по што следела нова серија на тужби.

Од синдикатот се децидни дека нивните членови ќе бараат да им се исплати до последен денар. Претседателот Делчев уште додава дека имаат за решавање уште многу работи.

– Не само железните кревети за кои говори министерката Јанкуловска во еден од прислушуваните разговори, туку и опремата која е како на албанската армија и полицајци од времето на режимот на Енвер Хоџа, изјави Делчев.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена