Полицаецот што вчера загина на автопатот Тетово – Гостивар бил удрен од две возила

Од:

Полицаецот П.Ѓ. кој вчеравечер загина на автопатот Тетово – Гостивар додека со колега го обезбедувал местото по случена сообраќајна несреќа, бил удрен од две возила.

МВР во денешниот билтен соопшти дека во двајцата полицајци, П.Ѓ. и Ф.Ш,, во 19.05 часот удрило возило „форд фокус“ управувано од 31-годишниот Р.Ш. од кичевското село Грешница, а потоа во П.Ѓ. удрило и возило „фолксваген голф“ со тетовски ознаки управувано од 39-годишниот И.Б. од село Синичане, кое се движело од Гостивар кон Тетово.

Со возило на итна медицинска помош полициските службеници се пренесени во Медицинскиот центар Гостивар, каде што кај П.Ѓ. е констатирана смрт, а кај Ф.Ш – тешки телесни повреди.

По насока на јавен обвинител, возачот Р.Ш. е лишен од слобода во Полициска станица Гостивар.

Двајцата полицајци го обезбедувале местото на автопатот Тетово – Гостивар каде што 15-ина минути пред да бидат прегазени, се случила сообраќајка помеѓу „БМВ“ управувано од Ѓ.Т. (20) од Гостивар и „пежо“ што го возел Е.О.(49) од гостиварското село Речане.

Во таа несреќа тешко се повредени три сопатнички во „пежото“ – Ф.С.(51), О.Р.(48) и Д.Х.(27), сите од село Речане, и биле пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва