А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Полицаец заработи кривична пријава за превезување на мигранти и изнуда

by А1он24/11/2019 - 13:48632
Share0

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје, поднесе кривична пријава против 29-годишен полициски службеник од Струмица, поради постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Добивај вести на вибер

На 21.11.2019, пријавениот превезувал лица-мигранти од Сирија со патничко моторно возило „Алфа ромео“ и им изнудил парични средства за транспортот, при што од едно од нив зел две банкноти од по педесет евра, велејќи им дека истите нема да ги превезува и дека ќе ги симне од возилото додека не му дадат пари.

При транспортот на мигрантите, пријавениот бил запрен од полициски службеници од СВР Струмица, при што мигрантите и пријавениот биле зафатени во претходно договорена акција за сузбивање на криумчарење на мигранти. Мигрантите биле пренесени во прифатниот транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија каде истите пријавиле дека пријавениот им изнудил парични средства во висина од 100 евра.

На предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје на пријавениот му е одредена мерка притвор.

hronika

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Катерина Ѓуровски25/03/2026 - 11:31

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 14:5621/03/2026 - 14:59

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 14:15

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:29

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

Катерина Ѓуровски19/03/2026 - 08:24

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто