Полицаец од Тетово заразен со коронавирус отишол на работа, 22 колеги се во изолација

Од:

Полициски службеник од Тетово заразен со коронавирус одел на работа во полициската станица, иако претходно, имал отворено боледување поради здравствени проблеми, дознава „А1он“. Неофицијално, по неколку дена боледување, тој во неделата бил на работа во СВР Тетово, каде имал контакти со негови колеги, кои сега се во карантин. Коронавирусот му бил дијагностициран вчера, но непознато е како и кога се заразил.

Од МВР за „А1он“ го потврдуваат случајот и велат дека 22 лица вработени во СВР Тетово кои имале контакт со заразениот колега, сега се во карантин. Оттаму велат дека проверуваат дали и кога излегувал од домот, иако имал симптоми на коронавирус.

„МВР-СВР Тетово презема конкретни активности за утврдување дали и кога тој излегувал од домот, иако имал симптоми на коронавирус, каде и со кого се движел, како и други информации. Доколку се утврди дека свесно го правел тоа, ќе следуваат соодветни дисциплински и други законски предвидени мерки“, велат од МВР за „А1он“.

Две лица кои биле во контакт со полицаецот се со висок ризик, а пак, други 20 се со среден ризик, утврдиле епидемиолозите. Сите ќе бидат во 14 дневна изолација.

Од Секторот за внатрешни работи-Тетово велат дека имаат разработен план како да се пополнат испразнетите места и тоа ќе го направат од сопствените кадровски ресурси.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он