Полицаец најден тешко повреден во Кисела Вода

Од:

Полицаец од Скопје бил пронајден тешко повреден од огнено оружје, утрово на улицата Сава Ковачевиќ во скопската населба Кисела Вода.

Според полицијата, станува збор за М.С. (32), кој е пренесен во Ургентниот центар и лекарите се борат за неговиот живот. Полицaeацот има прострелна рана во градниот кош, а покрај него бил пронајден неговиот службен пиштол и чаура.

Неговите родители утрово околу 5:30 часот го пронашле синот како лежи облеан во крв на улицата, во близина на нивниот дом. Полицијата извршила увид, а истрагата треба да утврди дали сттанува збор за обид за убиство, несреќен случај или пак обид за самоубиство.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби