Полицаец колабира на настан во Берово, помош му пружи министерката Шахпаска

Од:

Припадник на Министерството за внатрешни работи колабираше за време на откривањето на спомен-обележјето на четворицата беровски бранители кои загинаа во воениот конфликт во 2001 година. За време на говорот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, еден од полицајците падна на плочникот, пo што итно интервенираше министерката Јагода Шахпаска, исто така присутна на настанот.

Шахпаска, која по професија е лекар-интернист, заедно со уште неколку други лица од беровската Итна помош го освестија младиот полицаец, кој најверојатно колабирал поради топлото време.

-Дечкото колабираше но брзо реагиравме, му беше пружена онаа основна помош во вакви ситуации, сето тоа траеше кратка и за среќа полицаецот кратко по колабирањето беше во добра состојба, рече кратко министерката Шахпаска околу случајот.

Министерката за труд и социјална политика на денешниот настан положи цвеќе пред споменикот на четворицата бранители.

Би можело да ве интересира

Штипјанец со нож ранил полицаец

Горан Наумовски

МВР: Кривична за полицаец кој допирал по тело жена, oсомничен е за обљуба со злоупотреба на положбата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец и негова познаничка пукале во воздух со службениот пиштол, од МВР двајцата заработија пријава

(ВИДЕО) Уапсен полицаец од Албанија осомничен за низа кривични дела

Горан Наумовски

МВР: Полицаец со пендрек му нанел тешки повреди на маж

МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија