Полицаец и уште едно лице повредени во сообраќајка во Тетово

Од:

Еден полицаец и уште едно лице се здобиле со повреди во сообраќајната несреќа што утрово околу 7 часот се случила на кружниот тек на улиците „Видоја Смилевски-Бато“ и „Браќа Миладинови“ во Тетово, соопшти денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Во сообраќајката учествувале две возила „Ланд ровер дефендер“ со полициски регистерски таблици што го управувал М.А (33) од Раковец, вработен во Полициската станица за граничен надзор Попова Шапка и „Форд транзит“ со тетовски ознаки што го управувал Н.С (45) од Лешок.

Во несреќата повреди задобиле возачот на „Роверот“ и сопатникот од „Фордот“ Д.Ш (62) од Тетово кои со друго возило се префрлени и задржани во тетовската клиничка болница.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата во која причинетата штета се проценува на околу 60 илјади денари и работи на целосно расветлување на сите поединости поврзани со неа.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи