Полицаец физички нападнат во Маџари

Од:

Полициски службеник ноќеска е нападнат во скопската населба Маџари во обид да го легитимира лицето И.А од Скопје. Од нападот се здобил со повреди во пределот на лицето.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во 01,45 часот, во Скопје на ул. „Благоја Стефковски“, полициска патрола се обидела да го легитимира И.А. (41) од Скопје, но тој се спротвставил и физички нападнал полициски службеник нанесувајќи му видливи повреди во пределот на лицето.

И.А. е приведен и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка