А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Полицаец барал 50 евра мито за пасош: „Знаете дека ние не се трудиме џабе”

by А1он18/01/2025 - 18:3118/01/2025 - 18:311476
Share0

Полициски службеник е приведен, бидејќи при претрес кај него е пронајдена – кримтехнички обработена банкнота од 50 евра, како и други парични средства и документација од други лица. Јавен обвинител донел наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот, а на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложил со решение на осомничениот да му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Под раководство на надлежен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за претрес на службени простории и лице, вчера единиците на МВР приведоа полициски службеник осомничен дека примил поткуп, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Осомничениот, вработен во Отсек за странци и реадмисија, како што велат од Обвинителството, на 16 јануари 2025 година во службените простории ја повикал оштетената која ја изгубила патната исправа и требало да извади нова. Притоа без да изврши проверки за претходно изгубениот пријавен пасош и да ги запази работните процедури ѝ дал уплатница за да уплати за издавање на нов. Откако го уплатила износот, оштетената се вратила во просториите на Одделот за управни работи и на осомничениот му ја предала уплатницата прашувајќи го за временскиот рок на постапката за издавање. Осомничениот одговорил дека се чека од 6-12 месеци, на што оштетената негодувала, а осомничениот со гестикулации протривајќи ги прстите ѝ покажал дека треба да плати 50 евра за услугата велејќи „знаете дека ние не се трудиме џабе”. Оштетената кажала дека нема пари во себе и ако не е проблем да ја почека да земе, а ако не стаса во текот на денот, да му ги предаде наредниот ден, на што осомничениот се согласил и рекол дека ќе ја чека за да ја заврши работата.

По излегување од зградата, како што се наведува во соопштението, оштетената свесна дека тоа што осомничениот ѝ побарал пари без да ги уплати на сметка за побрзо да ја добие патната исправа е кривично дело, случајот го пријавила во полициска станица.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Во текот на вчерашниот ден му ја предала кримтехнички обработената банкнота на осомничениот која беше пронајдена при претресот, велат од Обвинителството.

hronika

Би можело да ве интересира

62-годишник од струмичко силувал малолетно девојче

Катерина Ѓуровски22/07/2026 - 14:19

Трагедија на патот Блаце–Скопје: Во превртен „мерцедес“ пронајдени мртви три косовски државјани

Катерина Ѓуровски20/07/2026 - 08:0420/07/2026 - 09:11

Починат мигрант пронајден кај Мрзенци, телото испратено на обдукција

Катерина Ѓуровски17/07/2026 - 14:24

Кривична за вработена во Министерството за здравство: не направила контрола во фирма за производство на медицински канабис

Катерина Ѓуровски17/07/2026 - 10:44

Пукање од автомобил во скопски Центар

Катерина Ѓуровски12/07/2026 - 15:08

Се запали автомобил во движење, возачот се здоби со изгореници

Катерина Ѓуровски12/07/2026 - 15:0612/07/2026 - 19:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео