Покриени уште три калливи улици во Битола

Од:

Општина Битола информира дека продолжува со уредување на калливите улици во градот, кои биле запоставувани со децении.

Во дел од нив, паралелно, покрај поплочувањето, се поставуваа нови водоводни приклучоци, или пак се работеше на мешовитата канализација.

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска изврши увид во работењето на крак од улицата „Ленинова“, каде во моментов се работи на поплочување со бехатон плочи на површина од 230 метри квадратни, за кои општината издвои околу 230.000 денари. Претходно на оваа улица, екипите на КЈП „Нискоградба“ работеа на изведеба на мешовита канализација во вредност од 381.000 денари, велат од Општина Битола.

„Паралелно, на улицата „Тошо Даскало“, по поставувањето на мешовита канализација од страна на КЈП „Нискоградба“ во вредност од 174.000 денари, улицата е поплочена со бехатон плочки на околу 120 квадратни метри, чија вредност изнесува 120.000 денари.

На улицата „Блаже Рогозинаро“, поплочени се 150 метри квадратни, во вредност од 150.000 денари, а претходно беа поставени 6 нови водоводни приклучоци од страна на екипи на ЈКП „Водовод“, во вредност од 60.000 денари.

Само за овие три улици, во кои населението повеќе нема да поминува кал за да стигне до своите домови, Општина Битола вложи 500.000 денари“, соопштуваат од Општина Битола.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски