Покрената истрага за едно лице од Арачиново за поседување оружје, побаран и притвор

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи. Обвинителството побара и судот да му одреди мерка притвор поради опасност од бегство, можност осомничениот да ги сокрие трагите од кривичното дело или да влијае врз сведоците.

-Во својот дом во Арачиново осомничениот држел огнено оружје и муниција – еден полуавтоматски пиштол “Smith&Wesson” MOD 6906 со калибар 9мм Para, еден полуавтоматски пиштол “Walther” P99 со две рамки, како и 41 куршум со калибар 9мм Para. Оружјето и муницијата биле пронајдени и одземени при претрес во неговиот дом, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Во соопштението се додава и дека поради тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ги сокрие трагите од кривичното дело или да ја попречува постапката со влијание врз сведоците, како и опасност тој да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Би можело да ве интересира

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи

Полицаец од Струмица зел 500 евра „за мирно решавање тепачка“

Пијан возач удрил пешак во Охрид и побегнал

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници