Покрај за Универзална, Ковачевски ќе ѝ ги одземе ингеренциите на Арсовска и за уште неколку клучни проекти

Од:

Владин тим работи на изнаоѓање решенија за преземање на дел од капиталните проекти на Град Скопје кои градоначалничката Данела Арсовска не ги реализира. Премиерот Димитар Ковачевски денес извести дека ингеренциите на Арсовска нема да ѝ бидат одземени само за реконструкцијата на Универзална сала туку се бара можност за преземање и на проектот за пречистителната станица за Скопје, за брзиот автобуски превоз, за клучката кај Момин Поток, патот за Визбегово и за кружните текови за подземната сообраќајница што ја гради „Лимак“.

„Сите големи проекти во Скопје кои се започнати и коишто им се потребни на скопјани, но и на сите други градови, Владата во рамки на своите надлежности ќе направи сè за да може да ги доврши. Во тој дух беше и посетата на министерот за локална самоуправа, министерката за култура на Градот Скопје на којашто мислам дека сме до пред договор за преземање на ингеренциите за Универзална сала за тој објект да може да биде завршен. Меѓутоа, постојат и други проекти кои беа започнати, на пример пречистителната станица на градот Скопје, огромен проект што беше камен на сопнување за она што се случи во Градот, бидејќи очигледно  членовите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните претставници во Градот Скопје се обвинуваат за поделба на провизии меѓу себе. Потоа имаме брз автобуски превоз во Скопје, кој е одобрен проект, со финансирање од меѓународни институции и кој едноставно не се реализира. Погледнете ја клучката кај Момин Поток, огромен проект кој е во застој, патот до Визбегово,  една исклучително важна сообраќајница која треба да ја поврзе индустриската зона Визбегово е исто така нешто што треба да се направи. Подвозникот кај зградите на ‘Лимак’ е речиси готов, меѓутоа обврска на Градот Скопје е да ги направи кружните текови кај Нова Македонија, ни милиметар од тоа не е направено. Јас работам со владиниот тим за да ги видиме можностите и да преземеме дел од тие активности да бидат направени, заради скопјани, не заради политика“, рече премиерот Ковачевски денес на отворањето на првата градинка во општина Чучер Сандево.

Минатата недела новиот министер за локална самоуправа Ристо Пенов и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојевска беа на средба со градоначалничката Арсовска за состојбата со Универзална сала. По средбата градоначалничката преку соопштение извести дека барале начин заедно со Владата безбедно да го довршат проектот, а министрите пак брифираа дека ѝ ги одземаат ингеренциите на градоначалничката за овој проект.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Изборот е меѓу надеж и безнадежност, помеѓу европска иднина и изолација

Орце Костов

Ковачевски: Уставните измени може да ги гласаме денес, утре, задутре,…,како ќе кажат – така

Ковачевски: Победата почнува со нашиот претседател, Стево Пендаровски!

Горан Наумовски

Ковачевски: Со државната поддршка за македонските компaнии создадовме нови 5.000 работни места

Ковачевски: Пратеничките листи на СДСМ добија 99,98 отсто поддршка на Конгресот на партијата

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Горан Наумовски