Покрај градоначалникот, уште еден заразен од коронавирус во општина Гази Баба

Од:

Градоначалникот Борис Георгиевски во моментов е на Инфективната клиника во стабилна состојба, а неговото семејство е во домашна самоизолација, без никакви симптоми поврзани со коронавирусот, информираат преку писмено соопштение од општина Гази Баба.

Исто така, од Општината велат дека во текот на вчерашниот ден е доставено известување од вработено лице во Гази Баба, чиј тест за Ковид-19 бил позитивен.

Вработената, како што соопштуваат, е во стабилна состојба, без симптоми и целосно ги следи препораките на лекарите и епидемиолозите.

„Ја информираме јавноста дека во текот на своето работење, градоначалникот Борис Георгиевски, како и останатите вработени во општина Гази Баба постојано ги следат и почитуваат препораките и мерките за заштита од Ковид-19. Сепак, според протоколите за функционирање, општина Гази Баба веќе е во редовна комуникација со тим епидемиолози кои ја разгледуваат новонастанатата состојба и се преземаат нивните препораки и мерки за понатамошно постапување. Би сакале да потенцираме дека во меѓувреме, општинскиот кризен штаб продолжува со редовна работа со цел заштита на здравјето на секој наш сограѓанин и е раководен од страна на Јовица Ѓоргиевски, началник на Општинскиот кризен штаб“, соопштуваат од општина Гази Баба.

За сите преземени активности кои произлегуваат од тековното работење и надлежности на општина Гази Баба, оттаму велат дека навремено ќе ја информираат јавноста.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ова се избори кога триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени

Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба

(ВИДЕО) Митовски: За 30 дена ќе ставам крај на депониите и хаосот со сметот во Гази Баба

Голем пожар во Парк шумата Гази Баба блиску до Природно математичкиот факултет

Горан Наумовски

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица